April 27, 2024, 12:53 am

Кичево нема Koвид центap, пaциeнти се примaaт во шатop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кичево е единствениот од поголемите градови во Македонија, каде нема ковид центар, за лекување на пациентите инфицирани од Ковид 19, предупредуваат лекарите. Дополнително во болницата, нема епидемиолошка служба, па повремено доаѓаат епидемиолози од Битола, а нема ниту инфективно одделение, туку само амбуланта, со еден инфектолог. Директорот на здравствениот дом, Џабир Бајрами , вели дека ова е критичен период за Кичево. Toj се надева дека со помош од Министерството за здравство ќе се поставува барака со неколку соби и санитарни јазли, за третман на пациентите од регионот, пренесува Алсат-М.

„Во последно време бројот на инфицирани со вирусот Ковид во Кичево е во пораст. Оваа ситуација е резултат и на наш пропуст, бидејќи не успеавме навреме да се организираме и да отвориме ковид центар во склоп на центарот и да можеме пациентите со лесна и средна клиничка слика да ги третираме во Кичево. Немаме ниту просторија за дневен третман на пациенти. Ние сме примарна медицинa, немаме ние услови и можност за третман на пациенти со Ковид“, рече Џабир Бајрами-директор на здравствен дом Кичево.

Во отсуство на соодветен простор во болницата во Кичево, изминатите неколку месеци за прием на пациенти сомнителни на Ковид 19, се користи шатор.

Целиот текст може да го прочитате на Алсат-м.тв

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This