КИЧЕВО СЕ ГУШИ: Воздухот загаден 13 пати над дозволеното

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поразителни бројки покажуваат мерните станици кои го мерат загадувањето ширум државата. Ниту снегот, ниту ветерот не го решија најгорливиот проблем на граѓаните кои власта и надлежните институции не се ни трудат да го решат.

Овој пат најзагаден град во Македонија е Кичево со ниво на пм честички дури 13 пати над дозволеното. Имено количеството на пм честички во Кичево изнесува 661 микрограми на метар кубен, додека дозволената  количина е 50 микрограми на метар кубен.

И во главниот град Скопје, состојбата е загрижувачка каде загадувањето е 7 пати над дозволеното.

Во Македонија илјадници граѓани годишно се директна жртва на аерозагадувањето. Светската здравствена организација предупредува дека над 3 илјади граѓани годишно ги губат своите животи благодарение на загадувањето. Решение на овој проблем власта се уште нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This