Кичеец оди во Шутка, гостиварскиот cyд му одреди 30-дневен притвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот суд во Гостивар попладнето го прифати барањето на Јавното обвинителство на Зоран Милески – Кичеец да му биде одреден притвор, откако беше отворена истражна постапка за тешката сообраќајна несреќа што се случи во саботата на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Милески е осомничен дека ја предизвикал сообраќајката, во која загина едно лице, а седуммина, меѓу кои и самиот Милески, беа повредени.

„На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Во истиот момент, во обратна насока кон Кичево се движел автомобил „Санг Јонг“ со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „Мерцедесот“ во предниот десен дел од автомобилот „Санг Јонг“. Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „БМВ“ кој бил претекнуван,“ наведе Обвинителството во денешното соопштение.

Учеството на Милески, кој е осуден за случајот „Рекет“ и издржува затворска казна во Струга, во сообраќајката, предизвика многу внимание во јавноста, а Управата за извршување на санкции соопшти дека тој бил пуштен на едномесечно отсуство поради лекарски прегледи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This