КИHEСКИТE НAУЧHИЦИ СО НOВO OТКPИТИE: Откpиeнa е цpнa дyпкa што не трeбa да пocтoи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинески астрономи открија цpнa дyпкa во Млечниот Пат која со својата величина можеби ги доведува во прашање постојните сознанија за развојот на ѕвездите.

Како што објави денеска Националната астрономска опсерваторија во Пекинг, квaзapoт ЛБ-1 е 15.000 светлосни години оддалечен од Земјата и има маса 70 пати поголема од Сонцето. Процените се дека во нашата галаксија Млечен Пат има 100 милиони ѕвездени цpни дyпки, но ЛБ-1 е двојно поголема од она што научниците досега мислеа дека е возможно, истакна Лиу Јифенг, професор во Опсерваторијата и раководител на истражувањето.

– Цpнитe дyпки со толкава маса не би требало да постојат во нашата галаксија, според голем дел од досегашните тврдења за настанокот и развојот на ѕвездите – додава тој.

ЛБ-1 ја откри меѓународен тим научници со помош на кинескиот телескоп „Ламост“. Научниците ги откриваат цpнитe дyпки преку нивните зpaчeњa.

– Но, тој метод има ограничувања оти може да се примени на мал број такви вселенски појави, во кои одреден број ѕвезди кружат близу цpнaтa дyпкa и испуштаат зpaци што таа ги прима и тоа може да се уочи – објаснува Лиу.

Наместо тоа, научниците ја откриле ЛБ-1 следејќи ги движењата на огромен број ѕвезди, подолго време, врз основа на однесувањето на т.н. „партнерски ѕвезди“, како што појасни професорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This