March 29, 2024, 12:08 pm

КЛАСИЧЕН БАНДИТИЗАМ: Покачување на платите во АЕК за 20%, а просечната плата во агенцијата е 58.000 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На само десетина дена пред крајот на 2018, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), донела одлука да ги зголеми платите на вработените од јануари годинава, но тоа се обиде да го сокрие од јавноста. Телевизија 24 дошла до записникот на Комисијата што управува со АЕК, која на 19 декември заклучила дека платите на вработените се непроменети од 2015 година и треба да се зголемат, иако просечната плата во регулаторното тело изнесува дури 58.000 денари.

Членовите на комисијата во соработка со службите на Агенцијата ја разгледаа одлуката за утврдување на висината на основната плата на вработен во АЕК, која се утврди дека е донесена во јуни 2015 година. Но во меѓувреме просечна месечна исплатена нето-плата по вработен на ниво на Македонија се зголемила за 9%, па Комисијата донесе одлука за промена односно зголемување на платите на вработените за 5% и тоа со важност од 01.01.2019 година, стои во записникот на Комисијата на АЕК.

Но Агенцијата за електронски комуникации донела одлука годинава да ја зголеми ставката за плати, не за 5 проценти како што стои во записникот, туку за цели 20 насто. Според записникот, АЕК планира да преземе само еден административен работник од друга институција, а не се најавени нови вработувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This