Класичен маркетинг и игра на зборови: Со законот на СДСМ општините нема да имаат стабилни приходи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа по скратена постапка посочи дека овој закон не води до тоа општините дека ќе имаат стабилни приходи.

-Имено доколку се отвори законот и се прочита дека владата запишала овде дека со предлог законот се обезбедуваат стабилни приходи во буџетот на општините, сега дали буџетите се стабилни јас би рекол не и овде имаме на некој начин едно промовирање на самофалање на владата што од друга страна по автоматизам ќе испровоцира реакција на опозицијата затоа што реалноста не е тоа. Значи ние ако го донесеме овој закон далеку сме од тоа дека општините ќе имаат стабилни приходи. Ова го велам затоа што нели имавме акција општините, институциите да пријават долгови и за 2020 година септември, институциите во Република Македонија меѓу кои и општините пријавиле 37.8 милијарди денари заостанати долгови, еден дел тоа е долг на општините. Тоа се сериозни пари, ако сакаме да збориме реално и да ги согледаме реално состојбите во локалната самоуправа и општините и да можеме да кажеме дека со овој закон ќе ги стабилизираме финансиските буџети на општините или нешто ќе решиме затоа што ако понатаму го анализираме законот ќе видиме дека станува збор за само 2 милиони евра зголемување на приходите кај општините кој ќе го овозможи овој закон, рече пратеникот Трајанов и додаде:

„Боде во очи тоа што Владата не убедува дека со овој закон ние во суштина ќе ги стабилизираме општините односно ќе имаат стабилни приходи. Тогаш се поставува прашањето како се направени тие 70 милиони евра кога претходните години немавме проблеми со Ковид-19 и по автоматизам данокот од ДДВ 4.5% одеше по некоја нормална постапка. Ова е класичен маркетинг, игра на зборови“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This