„КЛАТИ ВРАТА ЗЕМАЈ ПЛАТА“: За две години над 8.000 нови административци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо мала и ефикасна… обемна и оптоварена администрација. Јавниот сектор ангажира се повеќе луѓе – за две години биле вработени над 8 илјади и 300 нови административци.

Во вториот квартал од 2019-та година во однос на истиот период од 2017-та односно од формирањето на оваа Влада до сега бројот на вработени кои добиваат плата од буџетот пораснал за 1.607 во секторот административни и услужни дејности, за 636 во јавната управа и одбраната, за 474 во образованието, за дури 5.112 во дејностите за здравствена и социјална заштита и за 560 во другите услужни дејности.

До овие бројки се доаѓа со споредба на официјалните податоци објавени преку Државната статистика. Надлежните не знаеле напамет колку нови вработувања има во јавниот и во приватниот сектор.

„Ќе мора да побарате пристап до јавни информации, колку се М1, М2, колку се трансформирани. На памет не би можеле да ги знаеме тие податоци“ вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
СДСМ во предизборната програма ветуваше отчетност и за функционерите и за административците.

„Ќе објавуваме детални месечни листи за сите вработени во јавната администрација… Граѓаните ќе имаат увид на сите вработени во јавната администрација, за секоја институција“ стои во предизборната програма „План за живот“.
Месечни извештаи нема, има само годишни. Според последниот кој се однесува на 2018-та година вкупниот број вработени во јавниот сектор достигнал 132.068.

Во оваа бројка не влегуваат оние со договор на дело, оние кои се ангажирани преку агенциите за привремени вработувања како ни избраните и именувани функционери – пратеници, министри, заменици министри, градоначалници, претседатели и членови на државни комисии, на управни и надзорни одбори, директори, судии, јавни обвинители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This