КЛЕКНАТ НА КОЛЕНА:Игор Џамбазов со неочекувана понуда за Северина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таа е фатална жена која плени со својата појава, харизма, сексапил, а тешко кој припадник на посилниот пол би ги негирал овие епитети за дама како хрватската пејачка и српска снаа Северина Којиќ.

Еден од нив е и нашиот шоумен Игор Џамбазов, кој уште еднаш јавно и поласка на пејачката.

Имено, во пресрет на годинешната манифестација „Златна бубамара“ која традиционално се одржува секоја година во месец февруари, Џамбазов се присети на нивната средба на сцена пред неколку години.

Во 2014 година Северина беше гостинка на „Бубамара“,каде и беа доделени неколку награди: концерт на годината, албум на годината и пејачка на годината.

Улогата да и ја додели статката, тогаш му припадна на Игор, кој клекна пред неа, а пак со Сашко Коцев се натпреваруваа кој повеќе ќе ја бакне славната и секси Севе.

Игор беше победникот со три бакнежи. Сега, во очи на новата „Бубамара“, Игор ја сподели токму фотографијата кога клечи пред Севе, но овој пат не посака да ја бакне, туку има понуда до неа да се разведе за него од нејзиниот сопруг.

-Севе, ќе се разведеш ли за мене? – ја прозва преку храбро прашење.

Дали и годинава можеби ќе ги видиме Северина и Игор на истата сцена, а одговорот на понудата ќе биде јавен – останува да видиме…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This