КЛЕКОВСКИ: Владата не верува во успешноста референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Сашо Клековски во својата последна колумна за Нова Македонија истакнува дека порад 4 причини референдумот за промена на името е во хаос, а вината за ваквата состојба ја префрла на владата предводена од СДСМ.

-Со доволна временска дистанца од донесувањето на одлуката за референдум за договорот со Грција, а заклучно со одлуката на Владата да се вклучи во кампањата за референдумот, може да се заклучи дека референдумот е во хаос. Референдумот е во хаос поради најмалку четири работи и тоа: начинот на донесување (без опозицијата), карактерот на референдумот (консултативен), референдумското прашање или што точно е предмет на изјаснување на референдумот, и начинот на водење на кампањата.

Меѓу другото тој го споменува Законот за референдум и граѓански иницијативи од 2005 година со кој според него значително се ограничиле можностите за директна демократија. Со тој Закон се укинала можноста за предлагање референдум со 10.000 потписи, во општините се поставил невозможен праг за собирање потписи за локални референдуми од 20 отсто, се отежнале процедурите, се скратиле роковите. Тој вели дека СДСМ се удрило со свој камен по глава.

-И секако и без овие работи, кој било референдум би бил во хаос, поради тешката применливост на Законот за референдум. Само за потсетување, како што пишував во „Да, отпор но за чии лаги“ на почетокот на 2013 година, по референдумот за територијална организација во 2004 година, кога СДСМ повикуваше на апстиненција (бојкот), дополнително направи чекор за оневозможување на референдумите. Во 2005 година СДСМ донесе нов закон за референдум и граѓански иницијативи, со кој значително ги ограничи можностите за директна демократија: се укина можноста за предлагање референдум со 10.000 потписи, во општините се постави невозможен праг за собирање потписи за локални референдуми од 20 отсто, се отежнаа процедурите, се скратија роковите. Со свој камен по своја глава – кога се поведе иницијативата за референдум за „Скопје 2014“, набргу иницијаторите разбраа дека е многу тешко да се соберат потписи од секој петти граѓанин, односно во општина со околу 40.000 гласачи, да соберат 8.000 потписи. Дополнително од законот не јасно кој ќе ја води кампањата за референдумот.

Клековски во својата колумна ја повикува и меѓународната заедница да реагира на комплицираното и конфузно референдумско прашање кое воопшто не ја споменува промената на името. Според Клековски причината за ваквото прашање е фактот што владата на верува во успешноста на референдумот.
-Нормално кога Владата не верува во успешноста на референдумот, го продлабочува хаосот со референдумското прашање од кое е целосно нејасно за што се изјаснуваат граѓаните за стапување во сојуз со НАТО и/или ЕУ, и/или за договорот со Грција. За референдумското прашање „три во едно“ доволно е пишувано. Една паралела, која мислам дека досега не е спомната. Доколку референдумот е успешен, тој ќе води кон измени и дополнувања на Уставот, а притоа јавноста воопшто не е запознаена со амандманите на Уставот. Како ќе реагира на тоа меѓународната заедница, олицетворена во ОБСЕ и ОИДХР, секако доколку има меѓународен мониторинг на референдумот? ОБСЕ и ОИДХР ќе го прогласат за нефер и недемократски референдумот во Турција меѓу другото и поради тоа што „18 предложени амандмани што влијаат врз 72 члена од Уставот се изгласани како единствен пакет, спротивно на меѓународната добра практика за референдум, односно гласачите немаа можност да направат избор за секое од различните прашања од измените и ниту една од предложените измени не е наведена на гласачкото ливче; гласачите едноставно беа замолени да гласаат со ’да’ или ’не’“. И ние во Македонија, сме замолени да гласаме со „да“ или „не“, без да знаеме за што точно гласаме. Меѓународна заедница, ОБСЕ и ОИДХР ќе има реакција за ова?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This