КЛЕТНИКОВ:Се прави погребување на идентитетот на еден народ!Вие штом стапите во северна Мекедонија, оттука па натаму нема враќање веќе…Македонскиот народ да не излегува и да го бојкотира престојниот референдум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот академик и член на граѓанската иницијатива „Македински манифест“, Ефтим Клетников, во неговото вечерашно гостување на дебатна емисија „Отворено“, на телевизија Алфа, го повика македонскиот народ да не излегува и да го бојкотира престојниот референдум за промена на името на Македонија.


– Мојот став е воопшто да не се излезе да се гласа. Треба народот да го бојкотира овој перфиден референдум бидејќи, власта рече дека и онака ништо не и значи тој референдум, дека каков и да е резултатот од тој референдум тие ќе ја завршат работата во институциите. Мое мислење и порака до овој освестен македонски народ да не излезе на референдумот, бидејќи е против него, измамен е и да не му даде легитимитет – повика академик Клетников.
Во неговото излагање, тој, упати сериозни критики и обвинувања до македонската Влада нарекувајќија геноцидна Влада по македонскиот народ, посочувајќи дека владата предводена од премиерот, Зоран Заев, изведува идентитетски геноцид врз сопствениот народ, и за тоа на некој Нинбершки процес ќе одговара за тоа, кога тогаш. Коментирај ќи го договорот кој македонската влада го потпиша со Република Грција, Клетников е дециден дека со името северна Македонија не е зачуван македонскиот идентитет.
– Оние кои не разбираат дека со северна Македонија не е зачуван идентитетот, имаме и интелектуалци кои така зборуваат, тие, или се платени така да мислат или навистина мислат така, јас, нив ги сметам за ментално дефектни. Затоа што треба да си малоумен за да не сваќаш дека северна Македонија не е веке Македонија. И зошто се прави тоа, не може никој да одговори. Се прави погребување на идентитетот на еден народ. Дојдоа и доаѓаат цела плејада на меѓународни функционери. Доаѓаат како на погребна процесија, доаѓаат на погребот на идентитетот на Македонија, и тоа е фашистички акт. И тоа треба да му се објасни на народот, да не биде во заблуда – рече Клетников.
Меѓу другото, Клетников рече дека поужасно од репресивните последици врз Македонија ако не влезе во ЕУ и НАТО, е да се влезе обезглавени, без идентитет, и дека оваа маневра на нашата квислиншка влада е да се пресече патот кон славната мемориска историја на Македонија.
– Вие штом стапите во северна Мекедонија, оттука па натаму нема враќање веќе, вие сте безлична маса која имате пред себе отворена, ако е таа ортворена, иднина во која треба да градите нов идентитет, нова истотија, нови херои – истакна Ефтим Клетников.
Тој смета дека прво што успеа да ликвидира оваа наша Влада е античка Македонија. Прво го смени името на автопатот Александар Македонски, го сменија името на аеродромот, ја тргнаа и бистата на Александар, што според Клетников претставува злосторство, и тоа идентитетско злосторство. При што тој истакна дека и треба да се именуваат работите со вистинското име, дека над Македонците се врши геноцид, и дека треба да и се каже на нашата Влада дека врши геноцид идентитетски врз својот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This