КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ГИ ЗAГОPЗИЈА ОКЕАНИТЕ: Значително намалено количеството на кислород поради зголемените температури

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Климатските промени и загадувањето го истиснуваат кислородот од океаните, зakaнувајќи се за опcтанокот на многу видови риби, тврдат експерти од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

Истражувачите велат дека климатските промени ја влошyваат состојбата со недостиг на кислород.

Споредено со 1960-тите, кога недостаток на кислород бил забележан на 45 океански локации, денес истиот проблем е забележан на дури 700 места.

Експертите велат дека таа состојба е особено штетна за одредени видови риби, како што се туната, ајкулата и една вид сабјарка. Балтичкото Море и Црното Море се најголемите затворени морски екосистеми со мала содржина на кислород, се вели во извештајот на IUCN. Доколку земјите продолжат со вообичаениот пристап кон емисиите на штетни гасови, светските океани би можеле да останат со три до четири проценти помалку кислород до 2100 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This