КЛИМИТЕ ГИ НЕМА, ЗАГАДУВАЊЕТО СТО: Што ги „смрзна“ владините инвертори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавниот оглас преку кој граѓаните електронски би аплицирале за ваучерит за купување инвертери, се уште не е објавен, што значи дека постапката можеби не е ни воопшто започната.

Не стартуваше ни кампањата со која граѓаните требаше да бидат информирани како ќе се одвива целата процедура за аплицирање за инверторите.

Владата минатата есен презентираше проектот за доделување субвенции за инвертер клими на 10.000 домаќинства од Скопје, Битола, Кичево и Тетово, во рамките на мерките против аерозагадувањето.

За да може да се аплицира за добивање владини субвенции, беше предвидено сопствените печки на дрва да се дадат на отпад.

Беше најавено дека тие граѓани ќе добијат ваучер во вредност од 1.000 евра за набавка на инвертер.

Ваучерите за инверторите во вредност од 10 милиони евра ги обезбеди Електрани на Северна Македонија.

Од компанијата велат дека уште во декември лани тие ги префрлиле во државниот буџет 10-те милиони евра предвидени за оваа акција, дознава Фактор.

Во декември Владата, на една од своите седници, која се одржа во Куманово, одлучила 10-те милиони евра да им ги префрли на четирите општини кои се сметаат како најзагадени, но не се знае дали тие пари се веќе стигнати кај локалните власти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This