КЛИМОВСКИ МАЕСТРАЛЕН: Постои едно решение за кризата, се друго е прекршување на Уставот и аматеризам – ова е решението!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иванов не може да го додели мандатот на никој друг освен на коалицијата што добила најмногу гласови во Собранието, а согласно изборите тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Се друго би било создавање на диктатура на малцинстото врз мнозинството во државата, смета универзитетскиот професор Александар Климовски

klimovski-640x361

Тој додаде дека не може да се гради правна држава врз база на противуставни преседани и наместо на релаксирање на политичката криза да се оди кон заострување на истата.

„Не може да се додели мандат на друга политичка партија, сето тоа би било произволно и би излегувало од уставната рамка. Уставните норми наложуваат како да се направи нешто, не смееме да го толкуваме тоа како што ни одговара. Сетоа она што би излегло надвор од рамките на Уставот, би било спротивно на Уставот“, заклучи Климовски.

Тој го подвлече она што стои во член 90 и додаде дека претседателот може во консултации со актуелниот мандатар да се обидат да обезбедат доволно време и можност да го соберат потребното парламентарно мнозинство, односно ДУИ да размисли уште еднаш за формирање на Влада.

„Во член 90 е утврдено дека претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Иванов тоа и го стори. Понатаму во Уставот стои дека мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници. До овој дел не стигнавме, а како што сме тргнале нема ни да стигнеме. Сепак, имаме ситуација кога претседателот може во консултации со актуелниот мандатар да се обидат да обезбедат доволно време и можност да се собре потребното парламентарно мнозинство, односно ДУИ да размисли уше еднаш за ормирање на Влада“, смета Климовски.

Додаде дека уставот во себе содржи императивни норми и не може да се толкува нешто што не е напишано во Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This