КЛИНИКИТЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИ СО СОМНИТЕЛНО МИНАТО: По Јане Нетковски, за директор поставен Иван Барбов осомничен во „Метастаза“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По „погрешното“ поставување за директор на клиниката за уво, нос и грло на Јане Нетковски, кој инаку беше обвинет за примање на поткуп, обвинение кое подоцна беше отфрлено, Таравари по налог на СДС постави уште еден сомнтелен кадар за директор на Клиниката за Неврологија при Универзитетската Клиника

 

Се работи за лицето Иван Барбов, инаку осомничен за фалсификување на документи и исправи за добивање на право на инвалидска пензија, со што буџетот на државата бил оштетен за повеќеод 250.000 евра.

Според обвинението по предметот за случајот Метастаза, доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и нивни посредници, за пари им посредувале на барателите на пензии да се стекнат со правото на користење на инвалидска пензија. Членовите на лекарските комисии и посредниците наводно барале од 1500 до 4000 евра. За секој барател сумата била различна во зависност од тоа каква документација треба да се извади. Групата дејствувала 2 години, а докторите и посредниците наводно заработиле 165.000 евра и го оштетиле Фондот на ПИОМ за 53.000 евра.

Иван Барбов беше дел од обвинетите во овој мегаскандал, а одлежа шест месеци затворски притвор, и осум месеци куќен притвор.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This