КЛОП: Овој Шаќири не е нормален, им даде фантастичен гол на Јунајтед

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалерите на Ливерпул забележаа сигурна и уверлива победа над Манчестер Јунајтед синоќа во Мичиген со 4:1.

По натпреварот, Јирген Клоп беше и повеќе од задоволен од прикажаното, а го пофали и голот на Џердан Шаќири, кој веднаш по влегувањето, ја затресе мрежата на „ѓаволите“ со ножички.

„Голот беше фантастичен, тоа не е нормално кога сте само 4 дена во клубот, доколку се вклопите, ќе играте супер. Денеска добро им одеше на сите играчи цели 90 минути, иако теренот не беше баш лесен за двете екипи“.

„Шаќири е голем професионалец, тој уште при потпишувањето на договорот ми рече дека сака веднаш да дојде да тренира со екипата, јас го испратив на одмор пред да ни се приклучи по СП. Потоа тој се врати возбуден, затоа што овој дел од неговата кариера е навистина добар, има непроценливо искуство од Баерн, Интер и Стоук“, порача Клоп.

Клоп не навестува нови засилувања во клубот.

„Во овој момент, не гледам потреба за доведување на нов играч во тимот, но остануваат уште 12 дена до крајот на трансфер рокот, се може да се случи“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This