КЛУЧНА НЕДЕЛА ЗА МАКЕДОНИЈА: Оваа недела треба да се донесе решение за името – Нимиц ги пофали Грците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега е време за одлука за да се реши 25-годишниот спор за името помеѓу Грција и Бившата Југословенска Република Македонија, изјави денес во Атина специјалниот претставник на Обединетите нации Метју Нимиц, по состанокот со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас

© REUTERS/ Costas Baltas

Во изјава за медиумите по состанокот, кој го оцени како конструктивен, Нимиц наведе дека во таа прилика во потполност е известен за ставот на Грција во поглед на тековните преговори за името, додавајќи дека грчката влада е „искрена и активна“ во своите напори кон изнаоѓање на решение, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Претставникот на ОН изрази и позитивно мислење за ставовите на Грција, наведува агенцијата АНА-МПА, додавајќи дека тој на двете страни им изнел одредени идеи, но и дека нема да ги изнесува во јавност. Инаку, Нимиц утре пристигнува во Скопје каде ќе се сретне со политичкото раководство на Македонија. За утре во 17.00 часот се најавени протести пред Собранието на Р.Македонија на кои граѓаните ќе му испратат порака на медијаторот.

Грчката опозициска партија Нова Демократија денес соопшти дека состанокот со Нимиц „за жал не ја ублажил нивната загриженост“, истакнувајќи дека мора да се пронајде решение кое е „сеопфатно и ненавредливо“.

„Такво решение би требало најпрво да го опфати укинуањето на сите облици на иредентизам од страна на соседната земја, потоа име кое е прифатливо за грчкиот народ и, како трето, усвојување на името во генерална употреба“, се наведува во соопштението на Нова Демократија, во кое се повторува ставот на таа партија за преговорите, кои се засноваат на уставните промени во Македонија, наведува весникот.

Зоран Заев денес изјави дека сега е вистинско време за решавање на спорот со името на државата и повтори дека верува дека национален консензус за тоа прашање е возможен.

Со доаѓањето на Нимиц во Атина и Скопје практично започнува клучната недела за евентуално пронаоѓање на решение за ново име на Македонија по што во сабота ќе се одржат состаноци на државните и политичките раководство во претстолнините на Грција и Македонија.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This