КНИГАТА НА ГРУЕВСКИ НАЈПРОДАВАНА НА САЕМОТ ЗА КНИГА: Шапуриќ и Милевски нe сакале да ја купат, иако можат да научат како се води економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е првиот ден од скопскиот Саем на книгата, кој сепак западна во сенка на промоцијата на книгата која ја издаде екс премиерот Никола Груевски ,,Искуства за иднината”. Ова дело не Груевски кој во моментов се наоѓа во Унгарија каде што доби азил од унгарската држава како жpтвa на политичкот пpoгон во Македонија многу веројатно ќе биде најпродаваното книга на саемот, поради несекојдневната ситуација во која се издава.

Ваквата претпоставка ја потврдува и големата посетеност на штандот каде што се продава книгата, а камерите на Инфомакс истото можеа да го забележат при нашата посета на саемот. Таму покрај голем број на граѓани забележавме и голем број познати личности, но и политичари.

Нашиот репортер разговараше со претседатлот на Либерно Демократската Партија Горан Милевски и советникот за домашни инвестиции во Владата, Зоран Шапуриќ.

И двајцата ги запрашвме дали можеби ја купиле книгата која ја напиша екс премиерот Никола Груевски, но од двајцата добивме негативен одговор.

-Не ја видов, меѓутоа екс премиерот веројатно сака да биде во центарот на вниманието, очигледно му недостасува Македонија и да биде центар на внимание и затоа мора да направи некоја активност со која ќе го привлече вниманието. Ми се чини дека неговата книга ќе остави белег на овогодинешниов саем. Меѓутоа тоа е тоа, мора да живееме и со ваквиот негов начин на работа, вели Милевски.

-Не не успеав да ја видам. Видов денеска многу малце по порталите, бидејќи денеска само слушнав, бидејќи денеска имаше седница на влада и имавме и гости од Хелекспо кои се партнерска организација, кои што ме информираа дека е формирана регионална мрежа на компаниите кои што го организираат саемски манифестации. Каде што Хелекспо е претседател на асоцијацијата, а Скопски саем е копретседавач, а таму членуваат саемите од Будва, Сарајево, Љубљана, Пловдив, така да ми е драго таа меѓународна соработка се интензивира, вели Шапуриќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This