April 18, 2024, 11:06 am

КНИГАТА НА ГPУЕВСКИ СЕ ПРОДАВА КАКО АЛВА: Kнигата на екс премиерот најпродавана на саемот за книга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трендот на светските државници почнаа да го следат и македонските политичари. Активни и поранешни политичари почнаа да објавуваат книги во кои ја кажуваат својата приказна за теми од политиката, но и да ги објавуваат своите научни трудови.


Па така, на годинешниот саем може да се забележат дела од неколкумина политичари од македонската сцена. Тоа се поранешните премиери Никола Груевски и Љубчо Георгиевски но и првиот претседател на Собранието Стојан Андов.

Груевски e aктуелен со книгата „Искуства за иднината“ која е негов докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“.

Издавачот „Ѓурга“ вели дека за книгата на Груевски, како и за на Љубчо Георгиевски постои голем интерес кај читателите и добро се продаваат. Посетителите на Саемот на штандот на издавачот ја разгледуваат неговата книга, ја прелистуваат и фотографираат.

Георгиевски пак е актуелен со неговата нова книга „Мојата македонска приказна“. Во книгата авторот прашува „Каде одиш Македонијо“ и говори за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, проблемите со кои се соочувале при создвањето на партијата, како и за тоа што помина Македонија од независноста.

Ова не е прва книга на Георгиевски. Тој пред дестина година имаше книга „Тоа сум јас“ во која зборуваше за детството во родното Делчево, почетоците на политичката кариера, годиниите кога беше премиеер, како и за тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ ги зaгyбилa изборите во 2002 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This