КНИГА ЗА БРИШЕЊЕ НА ЕДНА НАЦИЈА: Димитров ќе пишува книга за преговорите со Грција и Преспанскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за МИА открива дека размислува да напише книга за македонско-грчките преговори за името што резултираа со Преспанскиот договор.

-Сериозно почнав да размислувам за скицирање на нацрт за идна книга, запис што ќе остане како своевидно сведоштво за овој важен процес. Да не се заборави. Уште само да се најде време. Тешки моменти имаше повеќе. Но, препознавањето на уникатноста на моментот, кој би можел да биде и последен барем на подолг рок, сметам дека беше најважниот елемент. Како и нашето созревање низ кризата, бидејќи видовме како божемниот патриотизам, како површна алатка за прикривање на злоупотреби, секогаш работи против долгорочните национални интереси – вели Димитров.

Тој ја издвојува средбата со неговиот, како што вели, пријател Никос Коѕиас во Сунио, бидејќи, според него, тоа било најкритичниот момент во процесот.

-Често се присетувам на еден разговор со Никос, кога за време на заедничкото разгледување на Храмот на Посејдон инспирирани од митот за кралот Егеј, контемплиравме со идејата и двајцата да дочекаме иста судбина доколку повторно не успееме да постигнеме напредок. Имено кралот Егеј, по чие име според легендата било именувано Егејското море, во момент на очај скокнал од карпата во морето и се удавил. После кратко размислување, со остра мисла и голема харизма, Никос ме утеши дека тој е надарен пливач и дека дури и ако скокнеме, тоа не значи дека нема да продолжиме пливајќи. Таков беше и целиот овој процес. Имаше многу угорнини и падови, емоции и ситуации кога решението изгледаше безмалку недостижно. Така беше на една од средбите во Виена, а и на средбата во Охрид. Но, тоа во ниту еден момент не не поколеба да продолжиме, да ги разбереме разликите и да ги покриеме главните грижи на двете страни за да го затвориме ова децениско прашање – раскажува шефот на дипломатијата.

Според него, договорот е најдоброто можно решение за двете страни, објаснувајќи дека ако се помести балансот за да биде подобар за едната или за другата страна, нема да има договор, туку национални позиции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This