Коалиционите партнери на СДСМ се чувствуваат измaмени од ветувањата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние како политичка партија и како коалиција во ниту еден момент не се откажавме и нема да се откажеме од ново парламентарно мнозинство и предвремени парламентарни избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ 21.

-Ново парламентарно мнозинство не се формира телепатски, туку преку средби, разговори, преговори, да слушнам каков е амбиентот, да ги кажам моите аргументи. Во тие разговори има и пратеници од СДСМ, од ДУИ, има и од други политички партии кои се во коалција во СДСМ – вели Мицкоски.

Тој додаде дека претставниците од власта со кои разговарале се генерално незадоволни и, како што истакна, се чувствуваат измамени од ветувањата.

-Не се чувствуваат задоволни од коалицијата со Зоран Заев. Ние немаме уште постигнато полн договор за некакви активности, и таканаречното гласање на доверба на 3 март делува како една парада, а веќе селедниот ден гледаме дека нема мнозинство – рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This