КОАЛИЦИЈАТА ПОМЕЃУ ЗАЕВ И СЕЛА НА „ТЕНОК МРАЗ“: ко СДСМ го земе секторот здравство, Села ги бара образование, транспорт или труд и социјала

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство се најде на средина меѓу Алијанса за Албанците и СДСМ. Коалициските партнери се без договор кој ќе го добие овој ресор. Канал 5 повикувајќи се на извор од партијата на Зијадин Села објави дека Здравство е посакуваниот ресор и имаат добра кадровска понуда за ова место. Но, исто така биле свесни дека и кај социјалдемократите имало расположение да постават свој кадар.

Од Алијансата за Канал 5 изјавиле дека се подготвени на компромис да се откажат од  Здравство доколку им се понуди место во министерство со иста тежина како Образование, Транспорт или пак Труд и социјална политика.

Коалициските партнери иако ги интензивираа контактите се уште немаат договор за идниот распоред во владината коалиција. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на синоќешниот централен одбор пред сопартијците информирал дека се водат разговори со коалициските партнери и најавил одлуки до крајот на овој месец.

Заев вчера изјави имал средби и со лидерот на Алијанса за Албанците и со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, но се уште не постигнале договор околу отворените позиции.

-Се работи за многу сериозен ресор. Реков дека до крајот на месецот ќе гледаме да ги донесеме одлуките. Десет дена откако се официјално прогласени изборите за завршени, интензивно преговараме. Секој момент го користам, час поскоро или ден поскоро да го избереме и ова министерско место и да го пополниме испразнетото министерско место за странски инвестиции, како и заменик министерот кој стана градоначалник на Чаир, рече Заев.

Вкупно три министерски позиции остана празни по локалните избори. Токму изборите и реториката меѓу Алијансата и ДУИ за време на кампањите предизвика турбуленции во владината коалиција и се процесот на именување нови министри.

Останува да се види дали ќе успеат да постигнат договор партиските лидери во Коалицијата која извесен период е на стаклени нозе.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This