Ковачевски: Нема потреба луѓето да ме бараат на Гугл, јас сум човек кој има 30 години партиски стаж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас сум човек кој има 30 години партиски стаж. Сум поминал голем број победи и порази со СДСМ. Сум бил дел речиси од сите партиски сектори и луѓето ме знаат. Затоа сметам дека воопшто не треба да ме бараат на Гугл, вели заменик-министерот за финансии и кандидат за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во Дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека воопшто не е хендикеп што е син на поранешен градоначалник.

-15 години во корпоративниот и економскиот сектор. Што се однесува за Заев, имам голема почит кон него, од причини што ги донесе најтешките одлуки за државата. За неговото останување како премиер, тој кажа дека ќе остане се додека не се оформи парламентарно мнозинство и не се стаблизира. Не би го ограничил временски неговото заминување од „Илинденска бб“, потенцира Ковачевски.

За тоа како се движат преговорите со Алтернатива за влез во Владата, кандидатот за лидер на СДСМ информира дека тема на разговор се уште не била распределбата на ресори и поделбата на директори.

Не сме дојдени до тоа ниво. Се надевам дека ќе постигнеме договор, вели Ковачевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This