Ковачки: Заев во моментов врши историска ревизија и ја менува геополитиката на Балканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протест против бруталната распродажба на македонскиот народ, идентитет, јазик, култура и традиција вечерва се одржа и во Делчево. Пред присутните, кои излегоа да го изразат својот револт и да побараат оставка од Заев, се обрати Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска продолжуваме со протести го изразуваме нашиот револт и овде сме да побараме оставка од Заев и од целата таа негова антимakeедонска клика, којшто ја има окупирано Македонија“, изјави Ковачки.

Тој потсети дека Заев во моментов врши историска ревизија и ја менува геополитиката на Балканот. Сака да создаде вештачка нација, Македонија, во која што ќе живеат Македонци со „блгарски происход.“

Ковачки додаде дека Заев може да се декларира како македонец со блгарски происход, меѓутоа тој може тоа да го прави само за себе. Тој не смее тоа да го прави за целата нација, тој нема мандат за тоа. Никој не му го даде тоа право.

„Тој ако сака може да извади блгарски пасош, како што тоа го направија некои негови претходници“, рече Ковачки

Ковачки ги повика сите Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, да се приклучат на овие протести и заедно да го смениме симнеме ова зло и изрази благодарност до сите оние кои што го поддржуваат протестот.

„Меѓутоа, Македонија не е негова прчија, не смее да го распродава македонскиот народ како да се наоѓа на тезга. Затоа, овде сме да повикаме, сите Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, да ни се приклучат на овие протести, и да го симнеме ова зло кое што и нанесува трајни последици на Република Македонија“, повика Ковачки.

Ј

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This