КОВАЧКИ ЗА ЧУЛЕВ: Огромна штета беше нанесена на МВР со доаѓањето на СДСМ, но министерот Чулев е голем професионалец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драган Ковачки, предложениот технички министер за внатрешни работи за имаше негодувања од страна на СДСМ па истиот не беше прифатен како министер, сега кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, вечерва во „Заспиј ако можеш“ во Алфа телевизија исткна дека огромна штета била нанесена на министерството за внатрешни работи со доаѓањето на СДСМ, но среќа што господинот Наќе Чулев е голем професионалец за кој бројките говорат дека одлично си ја врши работата.

-Во министерството за внатрешни работи, со доаѓањето на СДСМ има преку 8.000 тужбени побарувања самото министерство, завршени постапки отприлика 8 милиони евра долг кон своите вработени, тие пари ќе бидат исплатени од џебот на граѓаните, не можеме да се криеме позади институцијата, тој што седи на столчето мора да е одговорен, истакна Ковачки.

Зошто Владата не ги поништи тие управни акти, кои беа противзаконски три години наназад-праша Ковачки.
Чулев е голем професионалец,резултати достојни за почит, само на територија на Град Скопје, во првите пет месеци од неговото назначување за 5 пати е зголемен бројот на постапки за марихуна, амфетамини и хероин и кокаин, за 30 проценти е намален бројот на кривични дела во споредба со истиот период лани, кога министер е Оливер Спасовски, за 50 проценти е зголем бројот на откриени кривични дела во споредба со цела 2019 година, посочи Драган Ковачки.

Тој исто така кажа дека во 2018 година во извештај од Европската комисија срамно е што биле запленети во фебруари месец еден килограм и 200 грама кокаин, една работа е да се зборува филозофски, друга работа е кога се зборува со бројки, а бројките одат во прилог на министерот Наќе Чулев, вели Ковачки за ситуацијата во министерството за внатрешни работи овие три години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This