Ковачки: Не може да се издаваат патни исправи од страна на службеници, без да знае врвот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во вечерашното гостување во „Филибастер“ на Радио Лидер, зборуваше за големата афера „Мафија“ која што ја обелодени опозицијата со злоупотребата и издавањето на документи на странски мафијаши.

– Ова што го објави Мицкоски е само показател колку државата ни е фрлена на колена и колку не е веќе ни хибриден режим туку преминува во заробена држава, посочи Ковачки.

Структурите коишто ја водат државата, посебно во делот на безбедносните служби, додаде тој, нивното однесување укажува дека не одиме во правилен правец.

Според него, издавање пасоши на криминалци, атентатори, нарко-босови, е страшно за една млада држава која штотуку стана членка на НАТО и претендира да влезе во ЕУ

– Не може да се издаваат патни исправи од страна на службеници, а притоа да не знае врвот, посебно кога се работи за такви ликови кои ги видовме по социјалните мрежи. Видовме дека дел од тие структури се возеле дури и со полициска придружба, не знам колку е тоа точно, но треба да се провери. Не сакам да верувам дека е така, но доколку е така, мојот коментар по однос на тоа ќе биде – страшно. Не би сакал да верувам дека е така, рече Ковачки.

Тој додаде дека би сакал да се истражи тоа, и ако е вистина најмалку што може да направи министерот Спасовски е да поднесе оставка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This