Ковачки: СДСМ свесно го прeдизвика 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поврзано со 27 Април ние како Извршен Комитет, донесовме одлука дека ќе го поддржиме тој протест. Пред да преминам на елаборација, сакам да кажам дека ние не поддржуваме насилство од било кој тип. Меѓутоа каде е проблемот? Ако ги следите изјавите на нивни видни, истакнати партиски членови кој што на крајот си признаа дека беше политика во прашање, дека не станува збор за политика за правда, јас само ќе додадам за каква правда станува збор кога тој што ги отвори вратите, тој сега е сојузник со власта и добива тендери, сите знаеме за кого станува збор.Ако не се отвореле вратите, ако не се случило тоа дело, немало да се случи другото дело, значи топлата кога влегува, понесена од емоции, знаете психологијата на толпата е сериозна работа и тоа е веројатно студирано од креаторите на настанов и знаеле како ќе реагираат. Мене што ме погодува? Значи ако сте влегле, сте удриле клоца или било какво дело да сте направиле вие треба да си одговарате за тоа дело, а не да одговарате за тероризам, тероризам е нешто страшно. Јас мислам дека и тие кои го поднесувале обвинението и тие што суделе, меѓутоа за тероризам да осудите некого навистина треба да имате сериозни докази за таа работа. Јас не верувам дека во Македонија овие структури што сега од 27 Април лежат дека би можело на тој начин да ги окарактеризираме, истакна Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборувајќи за случајот 27 Април.

Понатаму во своето гостување Ковачки посочи дека кога се случило 27 Април обезбедувањето на Заев влегол во Собрание со пиштол пукал и предизвика општа опасност и сега тој е награден со директор на Биро за јавна безбедност, а тие кои биле понесени од емоции се осудени на 10-15 години затвор. Според Ковачки тука станува збор за селективна правда.

-Од друга страна ако гледате во Собранието имате пукање од страна на обезбедувањето на Заев кој што е вработен во МВР како обезбедување, сегашен директор на Бирото за јавна безбедност. Сега ако одите по закон за Собрание никој не смее да внесе оружје во Собрание, има еден член кој вели дека оружје може да носат само обезбедувањето во Собранието, во законодавниот дом. Меѓутоа сегашниот директор на БЈБ внесува оружје, внесува пиштол и пука во Собрание, пука во затворена просторија, предизвикува општа опасноста. Како е внесено тоа оружје внатре и зошто го внел пиштолот, очигледно е дека знаеле и претпоставувале дека нешто ќе се случи. Кој е тој кој може да му каже дека нешто ќе се случи освен лицето кое што го обезбедува? И сега тој кој пука е директор на Биро за јавна безбедност, а тие кои биле понесени од емоциите за одбрана на државата, тие лежат сега за тероризам по 10-15 години. Тоа е неверојатно и тоа мора да престане. Ние не смееме да имаме селективна правда. Значи овој кој ги отвори вратите е слободен граѓанин и бизнисмен, тие што влегоа се затворени, а од трета страна тој кој пукаше е награден со работно место директор на Биро за јавна безбедност и сега спроведува безбедност на цела држава, додаде Ковачки во своето гостување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This