КОВАЧКИ: Три дена главна тема во медиумите е зошто лидерот на опозицијата во кафеана, а не се дава доволно значење на eкcплозијaтa од нoвoзaрaзeни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

3 дена главна тема во медиумите е што јадел лидерот на опозицијата во кафеана. Поразително, реагира Драган Ковачки, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Точно е дека г-динот Мицкоски не смеел да биде во затворениот дел од кафеаната и за тоа човекот не тактизираше, туку веднаш излезе во јавност и кажа дека ќе си ја плати казната.

Но, зарем е ова вест од важен интерес за Македонија во овој момент?, се запрашува Ковачки.

Зошто медиумите не даваат доволно значење на експлозијата од новозаразени? На тотално промашената и препишана стратегија од Белград за борба со КОВИД 19? На мерките со кои станавме апсолутни рекордери во регионот во негативна смисла?

Зошто не се бара одговорност од министерот за здравство?

Втората тема и важна за демократијата на која треба да и се даде значење е апсолутната злоупотреба на државни ресурси за следење и притисок врз врвот на опозицијата. И покрај јавното сведочење дека раководството на опозицијата е следено (се сеќавате на снимките од планинарењето на Водно, фингираниот случај “теретана”, заканите и црните качулки кои ги спомена г-ѓа Рашела Мизрахи, следењето на г-дин Александар Николовски и неговото семејство) немаше никаква реакција од ОЈО ниту пак сериозен третман во медиумите. Па уште и чета специјалци пратени да асистираат, небаре станува збор за дилер на дрога или опасен терорист.

Значи, повторно се потврдува дека службите систематски се злоупотребувани во функција на партијата на власт.

Тоа се теми кои треба да не’ загрижат сите нас подеднакво, без разлика од која партија доаѓаме, оти од тоа зависи развојот, но мислам дека од тоа зависи дури и опстанокот на Македонија во оваа форма, пишува на Фејсбук Ковачки.

Линкот може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This