Ковачки: Шекеринска конечко призна дека погpeшила, заради тоа немаме вoeн претставник во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 11 дена инсистирање и притисок, министерката за одбрана Радмила Шекеринска собра храброст и ја призна грешката во процедурата за избор и испраќање на нашиот највисок воен претставник во НАТО

„Добивме одговор дека некој некаде погрешил во процедурата за избор и испраќање на нашиот највисок воен претставник во НАТО“, напиша на фејсбук Драган Ковачки.

Во духот на “транспарентоста и отчетноста” пред јавноста, на Шекеринска и’ требаа цели 11 денови и постојан притисок за да се одважи и да меѓу редови каже дека сепак погрешила, додаде тој.

После 11 дена молк и игнорирање од страна на Министерот за одбрана, денеска слушнавме дека овојпат нема да брзала со избор на ново лице – кандидат, туку ќе почекала додека не завршат сите процедури за сите кандидати што барале НАТО безбедносни сертификати, па од нив ќе бирала кој ќе замине во НАТО.

Со самото тоа се потврдува нашата теза дека првичното номинирање и избор на кандидатот било грешка и истото се должи на непрофесионалност и на политизација на процесот, односно на субјективизам при одлучувањето.

Е сега, останува да се понесе одговорност за јавната бламажа на Македонија на меѓународна сцена и да се утврди зошто, кој и каде погрешил, порача Ковачки.

Секако, Министерот за одбрана е таа која мора да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка како што тоа би било случај во било која држава од цивилизираниот, односно демократскиот свет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This