Ковид-19 во Македонија не застанува: Процент на заразени од скоро 40 % од вкупно тестирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19 , а направени 1715 тестирања.

Починати се 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68г), двајца од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67968, бројката на оздравени пациенти е 43646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22398. Најмногу активни случаи има во Скопје – 10767, Гостивар 1121, Тетово 1100, Прилеп 1032.

Направените 1715 теста се преку: ИЈЗ-546, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-301, Биотек-215, МАНУ -183, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со PCR метода -186, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -38, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 348.795 тестирања на Ковид -19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациент, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 46, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This