КОГА АМЕРИКАНЦИТЕ УБИВААТ ЦИВИЛИ, СВЕТОТ МОЛЧИ: Кога коалицијата предовдена од САД убива луѓе, тогаш медиумите во Македонија молчат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неполни два месеци поминаа од почетокот на воената операција за ослободување на Мосул, а сега е донесена одлука истата да се стопира. Причината за тоа е драстичен пораст на бројот на цивилни жртви, но и големиот број на бегалци кои тргнаа да го напуштаат тој, втор по големина ирачки град, кој во рацете на ИСИС падна уште во 2014 година.
irak_avioni

Највеќе цивили, според информациите од лице место, загинале по бомбардирањето кое го спроведува меѓународната коалиција за борба против тероризмот предводена од САД. Официјалните рпетставници на Ирак не можат да го потврдат точниот број на загинати, иако тврдат дека само во последните напади коалицијата на Ел Џадида загинале помеѓу десетици и стотици граѓани.

Во врска со тоа се огласи и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој рече дека Москва барала специјален брифинг во Советот за безбедност во ОН. Според неговите зборови, иако Русија е заинтересирана Мосул да биде ослободен, тоа не требада да се прави по цена на животите на цивилите.

„Кога траеше операцијата за ослободување на сириско Алепо, Русија преземаше иницијативи која спаси многу животи. Оспособени се коридори со кои луѓето го напуштаа градот, дури и многу терористи во таа прилика го спуштија оружјето и се предадоа. Главната цел беше да се спасат животите на цивилите. Се надеваме дека таков пристап ќе имаат и во коалицијата кога станува збор за борбата за Мосул. Русија, секако во Советот за безбедност ќе настојува ситуацијата во Мосул да ја држи под контрола“, наведе Лавров.

Индикативно е, сепак, дека реакцијата на меѓународната заедница, кога станува збор за нападот на Американците врз цивилите, многу слаба, што не беше случај за време на руската операција за ослободување на сириско Алепо.

Според збровите на Слободан Јанкоиќ од Институтот за меѓународна политика и економија, политиката на двојни аршини отсекогаш постоела, без разлика дали е во прашање политички или воен судир.

„Претходно Американците ги критикуваа Русите, а сега им се случува исто, меѓутоа, ние не можеме да знаеме зошто дошло до загинување на тие цивили. Дали е во прашање грешка или е направено намерно? На сите им е познато дека постојат случаи кога намерно се гаѓаат цивили, како што тоа беше случај за време на НАТО агресијата на СР Југославија кога се гаѓани колони Албанци“, потсети Јанковиќ за Спутник.

Говорејќи за политиката на двоструки аршини, Јанковиќ смета дека истата започнала за време на претходниот американски претседател Барак Обама чија администрација соработуваше со терористите на ИСИС, иако формалниот став беше дека против нив се води организирана борба. Сега, додава тој, ситуацијата сепак се промени и американската војкса доби сигнал дека навистина мора да се бори против ИСИС.

Запрашан што ќе биде со сите тие терористи по завршување на операцијата за ослободувањ ена Мосул, Јанковиќ за Спутник вели дека еден дел секако ќе загине, друг ќе биде заробен, но она што секогаш се случува во војните е тоа дека останатите ќе се обидат заедно со цивилите да се евакуираат и на некој начин да стигнат до територија во која и понатаму оперираат терористи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This