March 19, 2024, 12:47 pm

КОГА ВЛЕГУВАА СО КАЛАШЊИКОВИ БЕА ДЕМОКРАТИ: Стоиме гордо пред лицемерна Европа, пред Европа која го лажела овој народ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народе македонски еве сме овде 72-ри ден пред просториите на ЕУ, народе македонски ние стоиме гордо пред лицемерна Европа, пред дволична Европа, пред Европа која го лажела овој народ, пред Европа која го манипулира овој народ, изјави актерот Ванчо Петрушевски член на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

vanco-640x310

 

-Стоиме гордо за да им порачаме на лицемерните комесари Хан и Могерини дека нивните двојни игри завршија, дојдоа овде мислејќи дека народот е овца, да не советуваат мирно и за мирно предавање на власта, но не се работи за власта, се работи за Македонија. Кога во Украина влегоа со калашникови во Собранието САД и Европа и НАТО ги поддржаа велејќи дека тоа е демократски израз на националната војлја, а кога голоракиот македонски народ влезе во македонското Собрание го осудија како народ кои што е насилен, вели Петрушевски.

Тој потенцираше дека не нарекуваа со разни погрдни имиња и дека македонскиот народ бил фашистички и дека не сме биле демократи.

-Го обвинуваат народот дека влегол во Собранието а тие прво насилно, нелегално и вонуставно избраа претседател на тоа Собрание. СДС покажа дека брза да дојде на власт за да ја реализира Тиранската платформа и го прогласија Џафери за претседател за да се реализира Тиранската платформа, меѓу редови аплаудираа на пеењето на странска химна во Собранието, а откако го направија овој злосторнички криминален чин ги повикаа странците на помош. Народот македонски вели доста, доста со лигавење и подлижување, Хан, Могерени, Тачи не ја сакаат Македонија, вели Петрушевски.

Тој рече и дека македонците кои што се родени тука треба да ја сакаат нашата земја, нашето знаме, а кој не го сака ова знаме и оваа татковина нека си замине.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This