Кога емотивниот живот ти е бетер од кучешки: Заврши љубовната одисеја на Ноне? (ФОТО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската џепна сирена има скршена душа… Барем во моментов така изгледа дека стојат работите. За патешествијата на Ноне преку седум мориња и океани и крстарењето по белиот свет работејќи на големите прекуокеански крузери, оддамна се знае. Како и за врската со црномурестиот колега Рајан, која на почетокот ја шокираше јавноста, за потоа полека но сигурно, нивната љубов се’ повеќе да ги собира симпатиите на истата таа јавност.

Велешанката беше на Јамајка, од каде тој потекнува, тој дојде во Македонија, па престојуваше во Велес и Скопје и кога многумина веќе почнаа да зборуваат дека бившата пејачка е бремена, дека Велес по „Франкфурт мафија“ ќе добие и „Јамајка зет“, наеднаш се’ како да стивна.

Ноне и Рајан се помалку можевме да ги видиме на зедничките фотографии… Многумина коментираа дека тоа е заради природата на обврските, па обајцата се одвоени зашто работат на различни бродови, други тврдеа дека и не е баш така, дека има нешто во тоа што се повеќе секој од нив се слика соло!

Во меѓувреме Рајан и реши од своето тело да направи „ремек дело“, па за неколку месеци буцкастиот шеф Рајан се претвори во мускулеста, црномуреста, набилдана ѕверка, како да е телохранител на Џеј Ло, а не сегашно (или бившо?) момче на Ноне?!

Мускули по цело тело или само… Само Ноне знае? Или знаеше, ама повеќе не! Но како што стојат работите, велешката „Пенелопа“ повеќе не го чека својот јамајкански „Одисеј“… Зашто нивната љубовна одисеја по се’ изгледа заврши!

Барем така изгледа… Постираните фотографии, видеа и гифови посочуваат дека македонската џепна венера, навистина имала бурна година, како што и самата вели во еден од постовите… Веројатно и на љубовен план! Ако се суди по видеото во кое Фејсбук и ја направил нејзината разгледница за 2018 од постираните фотографии, лесно се забележува дека ниту на една фотографија го нема „нејзиниот“ Рајан.

А и предновогодишното видео кое го постирала со љубовта на кучињата крај каминот и нејзиниот коментар на истото ја потврдуваат претпоставката дека емотивниот живот на Ноне, во моментов е… бетер од кучешки!

Но, новата 2019 година носи нови предизвици и авантури. Работни… и љубовни! А Ноне? Убедени сме дека „ќе најде малку време“ на новата љубов да и каже: „Не, не, не сум како неа… Одбери ме мене… Твоја сум“!

<3

Love is in the air <3

Posted by Simply Beautiful 2 on Wednesday, August 1, 2018

Извор:виатина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This