April 24, 2024, 10:25 am

Кога Заев зборува за правда е исто како Ал Капоне да вели дека е невин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секаде гласно се зборува за Обновата, сега гласно луѓето повикуваат дека обновата победува. Луѓето се ослободија, народот се ослободи, бранот тргна, доаѓа пораз господа од СДСМ, доаѓа пораз и победува Обновата. Народот си ја враќа државата во свои раце, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Кочани, на кој зборуваше и носителот на изборната единица 3, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Претседателот Мицкоски пред присутните граѓани, ја искоментира и изјавата на Заев кога зборува за правда и правна држава, додавајќи дека кога го слуша Заев како зборува за правда е исто како Ал Капоне да вели дека е невин.

Го слушам Заев пред некој ден вели Обнова, па обнова, обнова па обнова, велат човек ликот може да го смени ама карактерот не. Таков е сака да си позајмува без да праша. Има еден збор за тоа. кога го слушам па за тоа кога зборува за правда тоа е исто како Ал Капоне да вели дека е невин. Ете тоа е Зоран Заев кој што ќе дојде овде во Кочани и кој што ќе бара поддршка од вас. Човек кој што со десната се држеше за срцето, се колнеше во најмилото, се колнеше жицата, а лажеше, не ја говореше вистината. Повторно ќе дојде овде и ќе застане пред вас, верувајте тој нема срам и тие што се со него што го подржуваат немаат срам. И повторно со раката на срце ќе ја наведнат главата и ќе ви ветуваат се и се што и се што сакате да слушнете ќе ви кажат. Но после 15 јули јас сум сигурен дека ќе ја немаат таа можност. Единствено нешто што ќе им биде приоритет се скапите возила, кожните фотелји во владата и дебелите персиски килими, луксузот, тендерите во четири очи криминалот и корупцијата, вели Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека правда мора да има за секого, без разлика од која политичка партија е, односно како што рече мора еднаш засекогаш еднаш за секогаш да направиме држава, а не мајка за малкумина, а маќеа за многумина.

Ние нема да чекаме 3 години, доволни ни се 6 месеци, сиот сомнеж за сторен криминал и корупција ќе биде процесуиран. Правда мора да има од Куманово до Гевгелија, од Дебар до Делчево, секаде во Македонија, Мора да се почитуваат законите и уставот, нема привилегирани луѓе, нема привилегирани политичари, нема привилегирана политичка каста и семејство, без разлика дали си определен или неопределен, без разлика од која политичка партија си. Ако си огрешил пред законите јас ви ветувам ќе сносите последици и санкции за тоа. Мора еднаш за секогаш да направиме држава, а не мајка за малкумина, а маќеа за многумина. Доста беше да се чувствуваме во сопствената држава граѓани од втор ред. Затоа главата гордо високо доаѓаат подобри времиња, победува обновата на 15 јули, подржете го проектот Обнова, подржете ги овие 360 страници макотрпно создавани, рече Мицкоски.

Во однос на проектите од обнова за Македонија, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на покачување на просечната плата за 25 проценти во еден мандат, покачување на пензиите за 20 проценти, реконтрукција на болници, училишта, спортски сали, 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп на земјодлеските производи.

Имаме план како да дојдеме до минимум 25 проценти повисока плата просечна во еден четиригодишен мандат, се обврзуваме на тоа. Се обврзуваме на минимум 20 проценти повисоки пензии во еден мандат, се обврзуваме на минимум 1000 километри реконструирани локални и регионални патни правци, се обврзуваме на реконструкција на болници, училишта, училишни сали, сте се детално наведени во програмата проект за обнова. Се обврзуваме за минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците, загарантиран откуп, изјави претседателот Мицкоски.

Мицкоски ја побара поддршка од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и носителот на изборна единица 3 генералниот секретар Игор Јанушев, укажувајќи дека е потребно обединување на граѓаните на 15 масовно и сложно да излезат и да гласаат за бројот 14.

Затоа е потребно на 15 јули масовно рано наутро ве повикувам да излеземе обединети и сложни и да го заокружиме редниот број 14 за Игор Јанушев затоа што тоа е потребно да ја живееме и сонуваме нашата Македонија. Онаа Македонија која што сакаме да ја имаме, богата, просперитетна, европска Македонија која што нуди можност за секој еден граѓанин, која што е дом за секого без разлика на неговата етничка припадност, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This