March 29, 2024, 12:23 pm

КОГА И ЕДНА ЧАШКА ТИ Е ПРЕМНОГУ: Скопскиот градоначалник Петре Шилегов смета дека скопјани се „ментално болни“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, денеска на говорница во Градот Скопје изјави дека сите на кои им се бендисувал проектот „Скопје 2014“ биле ментално болни, будејќи тоа не било вкус кој требало да се следи.

На ваквата скандалозна изјава на Шилегов реагираа советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Градот Скопје, кои му порачаа дека одлуката која се носи за прекин на градбата на новите фасади е правно неиздржана а цехот ќе го платат скопјани.

Шилегов не изгради ништо, но ја запре изградбата на фасади – скопјани ќе ги платат пеналите

Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов донесе одлука за раскинување на договорите за градба на фасади во централното градско подрачје.

Тој на себе си пренесе овластување да проценува колку ќе се плати за обесштетување и плаќање на пенали.

Од буџетот на Град Скопје, ќе се одвојуваат пари за плаќање на пенали откако фирмите кои ќе останат без работа, ќе го тужат градот.

Самоволието на Шилегов, најмногу ќе удри врз џебот на граѓаните од каде ќе бидат исплаќани високите казни.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This