Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, „НаТочак“ апелиpа за вакви пpoмени и во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, продолжува со активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство.

Преку социјалните мрежи, групата ја сподели веста за новата велосипедска патека што во јули беше отворена долж брегот на Средоземното Море во Турција, долга 25 километри, една од најдолгите во регионот.

Оваа патека е од големо значење за локалците, но и за туристите. Можете да се восхитувате на шумите од една и морето од друга страна. Патеката е дел од намерите на Турција за промовирање на поздрав стил на живот и намалување на загадувањето од возилата. Државата планира да изгради 4.775 километри велосипедски патеки до 2023 година по повод 100-годишнината од постоењето на Република Турција, нагласуваат од #НаТочак.

Овие ленти и патеки на иницијатива на Турција ќе бидат интегрирани во ЕуроВело мрежата која се состои од 15 велосипедски рути на долги дистанци кои велосипедски го поврзуваат европскиот континент.

На  линк може да најдете интерактивна мапа со информации за сите рути.

На Точак потсетуваат дека две од нив, рута 11 и рута 13, е планирано да минуваат низ Македонија и нагласуваат дека „не ни треба иницијатива, треба само да ги спроведеме“.

Според планот на Турција, велосипедски патеки се планирани за урбана средина, но и за природа, меѓу населени места и во рамки на национални паркови. На пример, велосипедска патека се планира да ги поврзе Измир и Анталија, рута која ќе поврзе повеќе популарни резорти за одмор, но и повеќе историски локалитети.

Според правила и стандарди донесени во Турција во 2019 година, задолжителна е вклученоста на велосипедски патеки и велосипедски паркинг во урбанистичките планови. Исто така, велосипедските ленти се интегрираат со јавниот превоз.

Стандардите за првпат дефинираат и „велопати“ (велосипедски автопати), велосипедски мостови и тунели, значајна промена за држава во која во моментов велосипедистите се изложени на огромен ризик делејќи го просторот со автомобилите, објави групата, цитирајќи го текстот на турски Daily Saba

„Ваква промена сакаме да видиме и кај нас. За тоа ни треба Министерство за транспорт и врски со визија за 21-ви век. Ова Министерство е надлежно за сите стандарди за урбанистичко планирање, низ него минуваат сите урбанистички планови и инфраструктурни проекти.

Ова Министерство треба да донесе Правилник за велосипедска инфраструктура и како носител (во соработка со други министерства) Стратегија за развој на велосипедскиот сообраќај на ниво на државата.

Па секој Град да мора да ги носи урбанистичките планови во склад со Планови за одржлива мобилност и да мора да вклучуваат мрежа на велосипедски патеки во рамки на градот.

Па да видиме велосипедски поврзувања меѓу населени места и туристички дестинации…

Па да се спроведат Еуровело рутите по текот на Вардар и низ источна Македонија…

Да се шири железничката мрежа и да се интегрира со велосипедскиот сообраќај…“, апелираат од НаТочак.

Во прилог, од групата ја споделуваат нивната Меѓуградски велосипедски сообраќај и велосипедски туризам од 10-те #ЦрвениВелоЛинии испратени до сите политички партии уште во март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This