КОГА ЛАЖЕТЕ, БАРЕМ БИДЕТЕ СПРЕМНИ: Кандидатот на СДСМ од Штип излезе со програма за образование, обвинуваше дека било притисок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изјава за новинарите, вчера претставникот на СДСМ, Владимир Милошев го злоупотреби основното образование за политички цели а уште пострашно е што ја промаши темата и се обиде да инволвира политика за сопствени и партиски цели, реагираат од Општина Штип.

letok-640x334

Споменатиот лист хартија за кој тврдеше дека е партиска агитација во образованието е всушност извадок од Стратегијата за образование која ја подготвува МОН. Претставници на МОН на 9 ноември имаа презентација на Стратегијата во Општина Штип, при што беше побарано истата да биде доставена до родителите низ училиштата со цел да ја разгледаат и да дадат свои видувања по истата. Листот кој го покажуваше, не е никаков пропаганден леток, туку страна брј 29 од таа стратегија. Ако г-динот Милошев ги следел настаните и пред се вестите, ќе знаеше за што се работи.

obrazovanie

Го замолуваме господинот Владимир Милошев, да го остави образованието надвор од политичката кампања и следниот пат да се слика пред партискиот штаб а не пред ООУ Ванчо Прке, и да лови гласови на друго место. За да не бидеме погрешно разбрани, истото се однесува и на сите други политички партии и кандидати кои ги замолуваме да не ги вознемируваат и инволвираат наставниците и учениците во политички кампањи додека се на работното место и во училниците и да ги остават да работат на раат.

Се надеваме дека следниот пат господинот Милошев прво ќе се информира па откако ќе добие информации, да одлучи дали има место за политичка реклама, за да не му се случи пак да шири дезинформации. Освен, ако тоа не му е и намерата. Секогаш може да праша во општината, просветниот инспекторат или во одделението за образование за која било тема која го интересира.

Не залудно се рекло дека прво се скока па се вика оп !

Реакција од Општина Штип

 

Ова е линкот од стратегијата на кој може да се провери целата содржина и веродостојноста:

http://www.mon.gov.mk/images/PRVA-Rabotna-Verzija-na-Strategija-za-obrazovanie-MK.pdf

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This