КОГА ЛАЖЕШЕ ЗАЕВ: Додека беше во опозиција и тврдеше дека има докази, или сега кога вели дека нема снимки за „Монструм“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев во опозиција, мај 2017 година: Имам докази за Монструм, наспроти Зоран Заев на власт, април 2018 година: Немам никакви докази за Монструм.

Јавноста заклучува дека Заев си поигрува со трагичната судбина на семејствата на свирепоубиените кај Смилковското езеро. Граѓаните бараат правда и велат дека не треба да има манипулации со настан кој ја потресе цела Македонија.

Во скандалозното интервју во месец мај 2017 година, дадено за српски „Курир“, претседателот на СДСМ Зоран Заев оди дотаму што тврди дека осудените во „Монструм“ биле невини, односно дека немало никакви докази оти тие се виновни.

Запрашан дали има докази кои расветлуваат што се случило на Смилковското езеро каде се убиени четири деца и еден риболовец, Заев одговара:

-Постојат разговори кои покажуваат дека за луѓето кои се во затвор нема никакви докази за тоа. Во разговорите не постојат докази кој тоа го направил, но постои сомнение дека власта е вмешана.

Истиот тој Заев, кој како лидер на СДСМ тврдеше дека има докази за Монструм, денеска како премиер на Република Македонија уверува дека доколку имало докази за убиството кај Смилковското езеро ќе ги објавел.

-Ако имавме докази Зоран Заев ќе ги објавеше бомбите до крај, таму има сериозни индиции, вклучитено и разговорот на обвинетиот Фејзи Азири со градоначалникот Бејта за да му бидат исплатени субвенции, одговoри премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање од пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ за петкратното убиство кај Смиљковци.

Илиоски праша дали премиерот „чувствува макар морална одговорност што цело време манипулираше со разговорите за случајот „Монструм“, играјќи со судбината на родителите на убиените момчиња , за на крај да им каже дека во „бомбите“ всушност се разговарало за субвенции“.

Премиерот Заев додаде дека можеби немал право на родителите на убиените деца кај Смилковско езеро да им ги покаже прислушуваните разговори, но морал да го стори тоа почитувајќи ја нивната болка за изгубените чеда.

Прстот на народот останува вперен кон премиерот Заев кој громогласно најавуваше детали кои ќе ја обелоденат вистината за најгрозоморното убиство кое се памети во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This