КОГА НЕМААТ СВОИ, БАРЕМ ДА ГИ ДОВРШАТ ЗАПОЧНАТИТЕ ПРОЕКТИ: Добро е што Владата на СДС го реализира нашиот проект за градба на експресниот пат Штип-Радовиш, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добро е што Владата на СДС го реализира проектот на ВМРО-ДПМНЕ за градба на експресниот пат Штип-Радовиш. Од владата на ВМРО-ДПМНЕ и со силно залагање на поранешните министри за транспорт и врски беше изработен проект, беше направено проектирање, и беа обезбедени средства за градба по што се пристапи кон распишување на тендер и евалуација на понудите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша и договор за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани, а се финализираше и експресниот пат од Велес до Штип. Во финална подготвителна фаза беа оставени на владата на СДС и изградбите на експресните патишта Ранковце до Крива Паланка и експресниот пат од Охрид до Пештани, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Меѓу другото потсетуваме дека автопатот Демир Капија-Смоквица кој е целосно изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ сеуште владата на СДС не го става во употреба, поради банални и несуштински причини, а речиси стопирана е градбата на автопатот Кичево-Охрид како и експресниот пат Прилеп-Градско, исклучиво поради неспособност да се менаџира на дневна основа реализацијата на вакви крупни проекти. Ја потсетуваме владата на СДС дека сеуште граѓаните го очекуваат барем првиот километар автопат кој ќе го изградат од вкупно 500-те километри нов автопат кои ги ветија пред изборите дека ќе ги реализираат“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This