КОГА НЕ ТИ ОДИ ВО АДВОКАТУРА, СЕ ПРЕФРЛАШ ВО ПОЛИТИКА: Давидовиќ како слуга на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кој во изминатиов период наместо правни дава политички изјави, по се изгледа дека има добиено партиска задача од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

zvonko-davidovik

Имено, Давидовиќ во изминатиов период имал чести средби со Заев. Редовно двајцата еднаш неделно имаат средби и очигледно плодот од тие средби излегува на виделина. Адвокатот себе си се доживува како правен ментор на Заев, но и извршител.

Давидовиќ излезе јавно и ја критикуваше одлуката на Врховниот суд, а во врска со случајот со бизнисменот Сеад Кочан. Адвокатот, одлуката на највисокиот суд во Република Македонија ја прогласи за политичка без притоа да даде еден аргумент.

Инаку, Врховниот суд во својата одлука наведува дека притворот на Кочан е резултат на скршена постапка од пониските судови.

-Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека иако постапката е во почетна фаза, во која се работи на обезбедување на докази во поткрепа на обвинението, сепак за да биде определена мерката притвор, судот мора да има доволно докази и факти кои укажуваат на основано сомневање дека е сторено кривично дело. Во спротивно, мерката притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка, не може да биде определена, независно од постоењето на посебните законски основи. Видно од списите на предметот на Основниот суд Скопје I Скопје КС.бр.41/17 од 07.03.2017 година, јавниот обвинител ниту се повикал на факти, ниту доставил било каков доказ за утврдување на постоење на факти кои укажуваат дека постои основано сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело кое му се става на товар. Поради наведеното, следуваше барањето за заштита на законитоста да се уважи, решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје I Скопје КС.бр.41/17 од 07.03.2017 година и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.135/17 од 15.03.2017 година, да се укинат и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување. Првостепениот суд при повторното одлучување, ќе треба да ги има предвид укажувањата на овој суд, да ја отстрани констатираната повреда на законот, по што да донесе правилна и законита одлука, стои во одлуката на Врховниот суд.

Причините за ваквата одлука, како што посочуваа во соопштението од Судот се повредите на законите од страна на пониските судови, кои се содржани во образложението на пресудата на Врховниот суд на Република Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This