КОГА ОД ПАРТИЈА ЌЕ ТЕ ИСПРАТАТ ДА ИЗИГРУВАШ КЛОВН: Нано Ружин немаше одговор на прашањето на Донев – „Ако тебе не те интересирала историјата, зошто па толку ги интересира на Бугарија и Грција?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот амбасадор и професор Јован Донев се обидуваше да дискутира со исто така професорот и екс-амбасадор Нано Ружин за надворешната политика на Македонија под раководство на СДС, договорот со Бугарија и најавеното решавање на спорот со името на штета на Македонија, но за жал дебатата повеќе изгледаше како двајца разумни луѓе да се обидуваат да убедат една локална потрпосечна ветрушка дека „тресе зелени“.

Во дебатата Донев, како и секој нормален граѓанин и даночен обврзник ги бранеше ставовите за суверено одлучување на Македонија во духот на нејзините национални интереси, додека пак Ружин се обидуваше од себеси да направи искусен дипломат, иако тоа не е, повикувајќи се на „реал политиката“ презентирајќи „факти“ дека Македонија била многу мала и дека тебало да се плашиме од силата на противникот, во случајот Грција, па затоа сме требале да отстапиме од нашите национални интереси и да ги браниме Грчките.

Ружин бранејќи ги позициите на СДСМ стои на ставот дека не треба да се вртиме кон историјата, на што Донев го праша зошто ако историјата е неважна, сите соседи се вртат кон неа, барајќи отстапки од Македонија.


„Ние потпишавме договор со држава чиј што најголем национален празник, 3-ти март, е Санстефанскиот договор. Ние потпишавме договор со држава која што изгуби три војни за да ја анектира Македонија, не да ја окупира“ искоментира Јован Донев.

На ова Нано Ружин одговори: „Сврти се кон напред, не ме интересира тоа, јас сум од 21 век.“

„Знаеш што, ако тебе не те интересира историјата и минатото, зошто ги интересира на Бугарите и Грција? Што запнаа толку тие за таа историја, што не ја заборават ко ние што ја забораваме? Зошто Бугарија се закатанчила за историјата толку, ако не не’ интересира историјата нас? 99% од Бугарите го мислат истото што го зборува јавно Каракачанов“, одговори Донев.

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This