„Кога публиката викаше ‘Роџер, Роџер’, јас слушав ‘Ноле, Ноле’!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски pеkет во моментов го одбpани трофејот на Вимблдов вчера, освојувајќи го петтиот пехар на неофицијалното тениско пpвенство после епскиот меч со Роџер Федерер, па после освојувањето на трофејот објасни како ментално силен ги пребродувал кризите и клучните моменти за да стигне до победата.

Ѓоковиќ триумфираше со 7-6, 1-6, 7-6, 4-6, 13-12, освојувајќи ги трите сета во тајбрејк, кога и најмногу покажа ментална цврстина. Ѓоковиќ после освојувањето на трофејот, на новинарите им објасни како успева да се справи со менталниот притисок и како ја пронаоѓа мотивацијата кога и публиката е на страна на противникот, како во случајот со Федерер во вчерашното финале

„Пред мечот реков дека ќе се исклучам од сѐ што се случува околу мене, дека ќе бидам присутен само во играта. Еден од факторите кои ми помогнаа да се вратам беше токму таа ментална стабилност во клучните моменти. Храброст е да излезеш на терен, да затвориш очи и да удиpаш најcилно што можеш. Ама за да бидеш константа во пет часа, за да добиеш меч како овој, треба да се мотивираш, да си повотруваш дека си подобар од противникот. Тој емотивен момент е потежок, кога мора да се мотивираш и постојано сам со себе да разговараш. Кога ја имаш публиката на своја страна е полесно, ти дава мотивација, ти дава сна га. Кога ја немаш, мора да ја најдеш мотивацијата во себе. Некогаш се обидуваш да ја игнорираш, што е многу тешkо, а јас на пример вака го прифаќам. Сите викаат ‘Роџер, Роџер’, а јас слушам ‘Ноле, Ноле’. Делува смешно, ама навистина е така. Јас самиот си се убедувам дека е тоа!“, објаснува Ѓоковиќ.

Потенцира дека подготовката на псиxички план е нешто најт ешко и дека овој меч бил најт ежок воопшто на тој план, споредувајќи го со исцрпувачкиот шестчасовен дуел со Рафа Надал на Австралија опен.

„На крајот беше такво олеснување, мислам за вакви мечеви се подготвуваш, живееш, ти даваат смисла и вреднос за секоја помината минута на теренот. Една работа која си ја ветив кога денеска излегов на теренот беше дека морам да останам мирен и присебен зашто знаев каква ќе биде атмосферата, каква што и беше. Подготовката, особено менталната беше нешто најтешко воопшто. Јас на Австралија опен имав исцрпувачки тежок меч со Надал, кој траеше шест часа, ама психички ваков како со Роџер не сум имал никогаш. Во клучните моменти се обидував да не ја изгубам вербата во себе и морам да кажам дека тие три тајбрејка го покажаа најс илното од мене. Јас секогаш можам да се замислам себе како победник. Мислам дека постои мо ќ во тоа. Зашто покрај си ла и волја, не само физичка, ви трба ментална и емотивна сила. Тоа е една константна бо рба“, додава српскиот тенисер..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This