April 19, 2024, 12:36 am

КОГА СИ ОД МУРТИНО, И ЦВЕТАНКА ТИ ЛИЧИ ПОКУЛТУРНА ОД ТЕБЕ: Како Цветанка Ласкова стана „советник за култура“ на Зоран Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Алаѓозовски си најде „културни“ работници од аташето на УДБА во Македонија, во ликот на Ѓунер, Милчин и Мирослав Грчев, Зоран Заев повторно ги отвори аналите на шпанските и јужноамерикански сапуници и ја ангажираше Цветанка Ласкова да го советува за тоа како да биде покултурен

Цветанка Ласкова, потпросечен културен работник, естраден уметник кој кога пеел во соло речиси никогаш не добил аплауз ќе биде новата советничка на Зоран Заев која треба да го направи човекот од Муртино, градска „фаца“ односно, да му го подигне нивото на култура.

Ласкова освен тоа што е доживотен претседател на женската организација на СДС, која практично и да не постои, Цветанка во јавноста е најпозната по тоа што во Македонија прва ги увезе сапуниците од Јужна Америка, а најпопуларна беше серијата Касандра.

Ласкова, има и неколку настапи како естраден уметник, но речиси секогаш на фестивали и во дует, имајќи во предвид дека никогаш не била доволно популарна да ја наполни салата во Муртино, или пак доволно квалитетна за да испее некоја песна во соло.

Речиси и да не постои културен уметник кој не е согласен со констатацијата дека кога станува збор за Цветанка Ласкова се работи за слаб капацитет. Вистинските културни работници веќе на големо го исмеваат ова решение на Заев и предложија ако толку новиот премиер требал да и се оддолжи, би требало да ја прати на Евровизија, имајќи во предвид дека секоја година губиме.

Ова пак е и удар врз платеничката револуција, и младинската организација на СДС кои маки мачеа изминативе пет години да го претстават Зоран Заев како „кул хипик“ кој ќе ја внесе Македонија во 23-от век. Со поставувањето на Цветанка Ласкова, всушност Заев покажува дека тој сеуште е заглавен во раните деведесети од минатиот.

Предупредување:
Штетно по здравјето и слухот

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This