КОГА СО СВОЈ КАМЕН ЌЕ СИ УДРИШ ПО ГЛАВА: Терористот од Лондон учесник во муџахединските одреди во БиХ од 1993-та година!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Радикалниот исламист Халид Масуд, кој го изврши терористичкиот напад во Лондон, за време на војната во БиХ бил припадник на одредот „Ел Муџахид“, со кој не е тајна дека командувал Алија Изетбеговиќ
halid_masud

На списокот на имиња на 1.774 борци на „Ел муџахид“, се наоѓа и името на терористот кој пред три дена во британската претстолнина уби четворица и рани 29 луѓе.
Добро информирани извори за „ЕуроБлиц“ од разузнавачко-безбедносните структури откриваат дека терористот, кој со своето злодело го шокираше светот, како исламски „свет војник“ во БиХ пристигнал на 1 мај 1993 година, кога се приклучил на арапките борци од озогласениот одред кој се наоѓал под команда на Третиор корпус на т.н Армија на БиХ.

Родениот Британец Едријен Расел Аџао на почетокот на деведесетите години го примил исламот и добил име Халид Масуд. Постојат бројни докази дека извршителите на терористичкиот напад во Лондон, како и бројни други британски државјани, на почетокот на последната деценија од минатиот век се радикализирале од познатите вахабистички лидери Абу Хамза ал Мисири и Омар Бакри Мухамед.

60179_el-mu-dzahid_f

Станува збор за луѓе кои на почетокот на граѓанската војна во БиХ одиграа пресудна улога во формирањето на озогласениот одред „Ел Муџахид“, кој делувал во склоп на Третиот корпус на Армијата на БиХ кој се „прослави“ со страшните злосторства врз заробени цивили и војници.

Изворите на „ЕвроБлиц“ додаваат дека името на учителите на Масуд се спомнуваат во речиси сите списи на обвинтелските и истражните органи на Србија и БиХ, кои веднаш по потпишувањето на Дејтонскиот договор тргнале во истражување на злосторствата кои ги направиле припадниците на одредот „Ел муџахид“.

Инаку, интересно е тоа што речиси сите големи терористички напади во Европа и САД имаат некаква врска со БиХ. Или терористите учествувале во војната во БиХ, каков што беше случајот со нападот на САД на 11-ти септември 2001, или имале државјанство на БиХ, како во нападот во Мадрид 2004-та.

Во други случаи, докажано е дека користеле оружје набавено во БиХ, како што тоа беше случај во нападите во Париз и Брисел.

Според аналитичарот Џевад Галијашевиќ, тоа е само наследство на политиката на Алија Изетбеговиќ и СДА, кои го донеле „белосветскиот шлајм и психопати од разни врсти тука да ствараат исламска држава“. Послдниот напад во Лондон е само уште еден во низата докази каде не донесе таквата политика – вели Галијашевиќ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This