April 26, 2024, 12:46 pm

КОГА СТРУМИЦА ТИ Е РЕПЕР: За Заев капитална инвестиција значи поставување на водоводни цевки од неколку десетина метри!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостување во емисијата Отворено на телевизија 24 одговарајќи на новинарско прашање поставено од новинарот на ТВ 21 Фатмир Алиу да наброи три капитални инвестиции кои се започнати од Владата на СДСМ, рече дека неговата влада го започнала автопатот Скопје Блаце, изградба на неколку болници, како и изградба на водоводи и канализации.

Скопје – Блаце автопатот, рече Заев, на што следуваше коментар од Алиу дека тој автопат се уште не е започнат. Алиу го замоли Заев да му одговори кои се трите капитални инвестиции започнати од Владата на СДСМ во 2018 година.

Канализационата мрежа во индустриската зона Визбегово која кошта 100 милиони денари. Почнавме изградба на неколку болници во државата и дозавршување на она што е беше започнато. Почнавме изградба на повеќе водоводи и канализации. Почнавме едно 70 патишта во Македонија, регионални или магистрални. Започнавме нови траси на гасификацијата кои реално не беа ниту проектирани ниту започнати во делот на капиталните инвестиции, вели Заев.

Владата на СДСМ до сега нема започнато изградба на ниту една болница, освен што ја развлекува постапката за изградбата на Клинички центар во Скопје. Додека пак изградба на водоводи и канализациони мрежи не се капитални проекти, туку напротив капитални инвестиции се фабриките кои ќе отворат нови работни места и ќе плаќаат данок кој ќе се влева во Буџетот на Република Македонија.

Граѓаните паметат дека Заев нема изградено ниту еден километар автопат, туку напротив ги стопираше пуштањето во употреба на неколку автопати кои беа изградени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This