КОГА ТОА КОМУНИСТИТЕ ГИ БИВАЛО ЗА ЕКОНОМИЈА: Нема такво нешто како бесплатен ручек, популистичките мерки владата ќе ги наплати со непопуларни мерки на штедење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предизборното лудило на новата влада помина тие на еден или друг начин излегоа победник од борбата. Популистичките мерки кои ги превземаа за масовни социјални трансфери во предизборието, укинувањето на радидифузната такса, субвенционирање на минималната плата ги платија граѓаните преку секојдневните задолжувања на владата на СДСМ кои достигнаа до половина милјарда евра вклучувајќи ги потрошените девизни резерви. За аналитичарите во политиката јасно беше дека ова се краткотрајни бенефити за одредени групи на граѓани за глас повеќе на локалните избори на долг рок се неисплатливи и целосно неиздржани.

Економска политика ,,од шупље у празно’’

Со задоцнување фактот дека овие мерки се неиздржани го спозна и министерот Тевдовски кој започна со непопуларните таканаречени мерки на штедење. Цената за неговото непознавање за креирање на економските политики на државата ќе ја плаќаат граѓаните. Една од овие мерки ќе биде зголемувањето на акцизите на нафтатаод јануари. Според шарената математика на владата ова покачување ќе ги погоди само семејствата кои возат автомобили, но тоа е далеку од вистината. Реалноста е сосема поинаква, зголемувањето на цената на нафтата ќе предизвика паралелно зголемување на цените на сите продукти во државата. Земјоделската механизација, транспортот како и некои од производствените погони ја користат нафтата како суровина и нејзиното поскапување ќе значи директно зголемување на цената на продуктите кои ги создаваат или превезуваат. Првите цени од јануари кои ќе се зголемат паралено со цените на нафтата ќе бидат цените на основните прехрамбени продукти кои најмногу ќе ги погодат социјално ранливите категории на граѓани. Сите досегашни социјални трансфери на владата и популистички мерки паѓаат во вода, кога нивните трошоци ќе растат паралелно со нив.

Дојде ,,живот’’ во општините ама живот без вода нема

Повторно се враќаме на дискутабилната победа на СДСМ на локалните избори каде тие освоија 57 оптини и веднаш најавија дека цените за вода кои ги одредува локалната самоуправа ќе се покачат. Резултатите од изборите кои беа проследени со убиства, рекетирање, притисоци и поткуп не ги прифаќа ниту опозицијата нути владината Алијанса за Албанците, но како и да е СДСМ започнува со економските политики на штедење во општините. Цената за вода во општините во кои победи СДСМ ќе растат, сеуште не се знае колкаво ќе биде покачувањето, но едно е јасно македонците повеќе нема да ја пијат најевтината вода на балканот. СДСМ во кампањата за локалните избори ветуваше воздух и живот, но не и покачување на цените за вода, граѓаните се гневни на овие мерки кои дополнително ќе придонесат за осиромашување на граѓаните. Доколку го земеме во предвид и падот на БДП и влегувањето на државата во рецесија, зголемената инфлација како и падот на просечната плата на македонскиот граѓанин на економски план црно му се пишува.

Кога комунистите ги бивало за економија?

Вклучувајќи ги сите овие непопуларни мерки и економските показатели кои се движат надоле повеќе од јасно е дека голем број на граѓани ќе бидат доведени до работ на животната егзистенција. Куповната моќ на граѓаните ќе паѓа, а намалената раздвиженост во економијата дополнително ќе ја продолжи рецесијата. Вака поставената ситуација за граѓаните гарантира тежок период на осиромашување и економски проблеми. Дополнително инкохерентините економски политики ги збунуваат компаниите и создаваат несигурност на пазарот, инвестициите во нови капацитети се сопрени, а се очекуваат и првите отпуштања. Фени очигледно ќе биде првата жртва на економските политики на Тевдовски и Заев, а тука некаде е и Југохром кој веќе работи со загуба. Во глобала граѓаните во Македонија се зачудени од нивната неспособност, тврдокорните симпатизери и активисти на СДСМ одат дотаму да ги бранат нивните економски политики, но некои работи неможат да се одбранат. Кога првите работници ќе останат на улица што ќе им рече просечниот активист на СДСМ, што ќе им каже Заев, Анѓишев или Тевдовски како ќе се оправдаат пред народот. Единствено издржано прашањето сега е кога комунистите ги бивало за економија?

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This