„Кога утрото ќе ти започне со вистинска љубов“: По бурата од разводот Елена Велевска покажа како ужива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред одреден период во медиумите како бомба одекна веста дека македонската фолкерка Елена Велевска се разведува од својот сопруг Марјан.

Пејачката на својот Фесјбук потврди дека ставила крај на бракот поради семејното насилство и одлучи да не зборува повеќе за својот приватен живот.

Велевска често е активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографии од своите активности.

Иако за многумина од нас летото и летните одмори веќе завршија, за македонската фолкерка дефинитивно летото се уште трае.

Некои личности знаат да го искористат септември за полнење на батериите и да заминат на одмор кога на плажите е намален бројот на посетители.

Велевска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија во жолто бикини од плажа во Грција и го покажа своето згодно тело.

Друштво и прави нејзинта ќерка, а фолкерката сподели заедничка фотографија и напиша: Кога утрото ќе ти започне со вистинска љубвв.

„Кучињата лаат, карванот си врви” дефинитивно е поговорката по која се води Елена Велеска изминатиов период. Имено, додека цела домашна јавност бруи за нејзиниот развод и семејното насилство кое го трепела сите овие години додека била во брак, фолкерката посилна од кога било, со крената глава „гази” на професионален план и работи без престан.

„Имам настапи, турнеи, ангажмани и работам нонстоп. Кога не работам, времето го минувам со моите деца“, вели Велевска, и додава дека за разводот не зборува многу од проста причина што истиот во моментов е во тек, а таа сака да ги заштити своите две ќерки и синот, кои и’ се најважни во животот.

Извор: Вистина.ком.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This