April 23, 2024, 11:17 pm

КОГА ЃУБРЕТО Е ВЛАСТ: Токсичен воздух со силна миризба на хлор го гуши Скопје од утринава, родителите не ги носат децата на училиште!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалните мрежи вријат со коментари од загрижени граѓани во врска со енормното загадување. Загрижени мајки и татковци за здравјето на своите најмили, се погласно пишуваат дека своите деца не ги пуштаат да одат на училиште поради штетните канцерогени честички во воздухот.

И додека граѓаните се обидуваат колку можат самите да се заштитат, надлежните кои имаат обврска и ветија дека ќе го решат овој сериозен проблем, секаде гледааат политика наместо да почнат да се занимаваат со исполнување на ветеното за што беа и гласани.

Така, градоначалникот Петре Шилегов на вчерашната прес-конференција истакна дека пред се е одговорен за своите деца, но и за сите деца во градот, додавајќи дека од проблемот со загадувањето не треба да се прави реално шоу.

Шилегов наместо да се позанимава со ветените 39 мерки, од кои досега ниту една не е реализирана, оцени дека загрижените родителите биле политички мотивирани.

– Моето лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега. Моите информации се дека е политички мотивирана со цел да се дискредитираат и локалната и централната власт во борбата против загадувањето, рече Шилегов.

Според најавите на градскиот татко СЕ ОЧЕКУВА во текот на јануари дел од средните училишта да бидат со прочистувачи на воздух во училниците со што училиштата би биле поздрава средина за децата.

Макрадули чека предлози

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на денешниот настан на кој присуствуваше заедно со Шилегов истакна дека е неопходен интегриран и координиран пристап на сите чинители од сите сектори заедно со идеите на граѓанските организации, но и со однесувањето на тие организации и на граѓаните воопшто.

Макрaдули бара партнерски однос и заедничка координирана акција во справувањето со загадувањето.

– Отворени сме кој било предлог што ќе може да помогне да го вклучиме и соодветно да буџетираме, рече Макрадули.

Скопје најзагаден град во светот

Додека надлежните чекаат предлози и мерки и бараат политика каде здравјето е во прашање, Скопје стана лидер во светот по загаденост.

 

Главниот град на Република Македонија ја предводи листата на најзагадените градови во светот.
Мерните единици утринава покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, кај Ректорат 395 микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261.

Вчера во текот на вечерта загаденоста на воздухот кај ректоратот изнесувал рекордни 569 микрограми на метар кубен, во скопско Лисиче загаденоста изнесувала 484 микрограми на метар кубен, во Карпош пак загаденоста изнесувала 427 милиграми на метар кубен, а во Центар 426 микрограми на метар кубен.

 

А освен во Скопје овие денови и за време на изминатиот викенд загадени биле и повеќе градови од Македонија, а меѓу најалармантна беше состојбата во Тетово и Куманово.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This