April 16, 2024, 10:53 pm

КОГА ЅВЕЗДИТЕ ЌЕ СЕ НАРЕДАТ: Милијардерите се раѓаат во овие хороскопски знаци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако верувате во хороскопи (или барем сакате да ги читате за забава), знаете дека на одредени хороскопски знаци честопати им се даваат одредени карактеристики и начин на живот.

Компанијата Domain UK одлучи малку да ги измеша хороскопите и статистиката и да ги анализира датумите на раѓање на 250 најбогати луѓе на списокот на „Форбс“ за да види во кој знак најчесто се раѓаат милијардерите.

Ова се првите пет знаци, пренесува Business Insider.

3. Лав / Бик / Рак

20 од најбогатите луѓе се родени во знаците на Лав, Бик и Рак. Најбогатите Лавови ги вклучуваат бизнисмени Лери Елисон, Сергеј Брин, Шелдон Аделсон. Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг е роден во Бик и Елон Маск во Рак.

2. Риба

Во Риби се родени 22 милијардери од првите 250, меѓу кои и Мајкл Дел (основач на Dell), ко-основачот на Најк Фил Најт и медиумскиот магнат Руперт Мурдок.

1. Вага

На тронот на најбогатите се Вагите, кои се најмногубројни со 27 милијардери како што се дизајнерот Ралф Лорен, наследничка на синџирот Волмарт, Алис Волтон, шведскиот тајкун Стефан Персон …

Интересно е да се истакне дека најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос (Јарец) и Бил Гејтс (Шкорпија), не се меѓу овие ликови, па ако не се идентификувате со списокот, не грижете се, сепак постои надеж.

На списокот на милијардери на овој начин на споредба се вклучени 16 Скорпии, по 15 во знакот на Близнаци и Овен, 12 во знакот Водолија, 11 Девици, осум Стрелци и ист толкав број во знакот на Јарец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This