На интернет се појави видео од човек кој си ја удира главата од ѕид, вознемирен и во каење бидејќи својата доверба ја дал на СДСМ. Подетално објаснување за видеото нема, но не е ниту потребно, имајќи во предвид дека целата Македонска јавност ги знае погрешните потези, криминали и гревови на СДСМ, а во последно време на двоецот Заев-Шеќеринска.
Од соработка со странски тајни служби, преку најави за албанизација на земјата, поддршка за терористите од Диво Насеље, навивање со „Балистите“ и величење на терористичките организации, инкорпорирање на вахабистички елементи во највисокото тело на партијата, до секојдневните гафови на Заев, и многу повеќе е причината поради што овој човек си ја лупа главата од ѕид.