КОГА ЌЕ ЈА СОГЛЕДАШ РЕАЛНОСТА, АМА ВЕЌЕ Е ДОЦНА: „Левица“ искористена за валканата кампања на СДС, а сега бојкотирана од нивните медиуми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Режимското поставување на владеењето на СДС, водено од нео-либералните постулати на моќта и капиталот без разлика на корумпираноста во сопствените редови многу брзо исплива на површина. Она што е евидентно е дека сите оние кои беа заведени од лажната пропаганда на СДС да работат против државата но и ВМРО-ДПМНЕ сега се соочуваат со уште поголема блокада, но и со бојкот при промоцијата на нивните идеи

Во гостувањето на „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија Здравко Савевски член на президумот на „Левица“ истакна дека во моментов во сега про-владините медиуми се води кампања за разнебитување на „Левица“ преку лажно информирање дека истата се распаѓа.

Савевски вели дека постојат одредени корумпирани политичари на кои им сметаат младите и интелегентни луѓе на новата власт.

https://www.youtube.com/watch?v=zjViBr4GAFE&feature=youtu.be

Тој додава и дека „Левица“ е соочена со медиумски бојкот, кој има илузија да создаде дека во партијата имало незадовослтво. Како што вели од сега веќе про-владините ТВ24 и Телма воопшто не известуваат за нивните активности, ги бојкотираат но и шират дезинформации.

Претходно истите овие медиуми ги користеа членовите на „Левица“ за пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=kziMvoMqBBU&feature=youtu.be

Според него, владината диктатура на СДС врз медиумите не придонесува кон демократизација и слобода на медиумите, особено не кога на исти емисии се покануваат луѓе кои имаат исти ставови, а тие нивни настапи се нарекуваат дебати.

https://www.youtube.com/watch?v=jm_BSlKvDoE&feature=youtu.be

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This